Денес започнаа активности за тампонирање на полски пат во Робово (Робово-Сачево) во должина од 900м. Поради катастрофално лошата состојба на патот, во прва фаза се изврши порамнување на патот со погруб материјал, а во оваа фаза ќе се направи финално тампонирање, порамнување и валирање на патот.
Со овие активности ќе се обезбеди непречен пристап на граѓаните до голема површина земјоделско плодно земјиште.