АСФАЛТИРАЊЕ НА 9 УЛИЦИ
Продолжуваме со реализација на ветувањата дадени кон граѓаните. Наредните два месеци ќе се реализира досега најголемата Програма за патишта, финансирана преку буџетот на Општина Босилово.
Во наредниот период, преку општинската програма, ќе бидат изградени 9 улици во 7 населени места и тоа :
➡️Секирник (три улици)
➡️Турново
➡️Радово
➡️Петралинци
➡️Сарај
➡️Моноспитово
➡️Дрвош (проширување од 1м во должина од 1000 метри на патот на влезот во селото).
Покрај тоа, продолжува реализацијата и на другите проекти во другите населени места во кои се обезбедени други- надворешни извори на финансирање.
Продолжуваме уште повеќе и уште подобро за модерна општина Босилово.
Еднаков и рамномерен развој на сите населени места!