Сè што гледате околу себе секој ден е составено од физичка материја – или така изгледа. Кога ќе ги погледнеме предметите подетално, ќе видиме дека тие се состојат од атоми. Дали некогаш сте се обиделе да замислите колку е мал тој атом или од колку празен простор е направен?
Во текот на 2000 години, се сметаше дека атомите се најмалите градежни блокови во универзумот. Сега знаеме дека атомите се состојат од уште помали честички и дека тие се главно празен простор.
Во ова видео, Џонатан Бергман користи разбирливи метафори за да ви даде чувство за лудо малата големина и огромната густина на атомското јадро.
Дали сте подготвени за неверојатни факти?
Како што штотуку видовте, атомите се состојат од огромно количество празен простор.
Ајде да го земеме ова малку подалеку.
Кога квантните физичари внимателно ќе го разгледаат атомот, откриваат дека тој е составен од помали градежни блокови и многу повеќе празен простор. Научниците сега веруваат дека ситните вибрирачки жици на енергија ги сочинуваат составните делови на јадрото. Всушност, се чини дека целата „материја“ се состои од ситни вибрирачки жици на енергија.
Со други зборови, физичкиот свет што го гледате околу вас е составен од електромагнетни бранови – светлина! Вашето физичко тело воопшто не е толку физичко. Тоа е светлина, или енергија.
Науката и духовноста се здружуваат во оваа промена од материјата кон празнината, од телесноста кон енергијата, од предметите до едно единствено поле на свеста.
Време е сите да ја направиме оваа промена во перцепцијата. Време е да видиме како на едно ниво се е празнина, барем на физичкото. Свеста е она што ја создава реалноста.
Неверојатни работи почнуваат да се случуваат кога ќе ја сфатите вашата вистинска природа. Атомите што го сочинуваат вашето тело се празен простор. Ситните вибрирачки нишки на енергија ги сочинуваат составните делови на овие атоми.
Ти си светло суштество.
Вегард Полсен / обработка: АТМА