Мини палачинки филувани со чоколадо…
Состојки:
- 70 гр брашно
- 30 гр шеќер во прав
- 14 гр млеко во прав
- 1/4 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка мед
- 90-95 мл млеко
- топено чоколадо
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите состојки освен чоколадото и добро соединете. Смесата мерете ја со лажица за мерење за да добиете мини палачинки. Испечете палачинки, па премачкајте со растопено чоколадо или нутела. Преклопете и послужете.
Уживајте!