Мирчевски до Ковачевски: Очекувам утре негосподинот Рамадани да го симнеш и разрешиш од сите функции и веќе ниту еден денар да не добие од народни пари- Арам да му е!

kanal5

Во име на целата телевизија Канал 5, директорот на телевизијата Иван Мирчевски се вклучи во емисијата „Само вистина“, во која поранешниот пратеник Исмет Рамадани, обвини дека во емисијата имало етничка дискриминација на Албанците.

dzovi kompani baner horizontalen

 

Мирчевски му рече на Рамадани дека е крајно неприфатливо и да помисли такво нешто, бидејќи телевизијата е отворена за сите националности, дека Албанците на ниеден начин не биле дискредитирани, а уште помалку дека имало некаква дискриминација.

Видеото погледнете го тука.

Мирчевски побара и од премиерот Димитар Ковачевски, Рамадани да биде разрешен од сите функции и веќе ниту еден денар да не добие од народни пари.