НОВО

Мицкоски: Ако сакаат да веруваме дека Бугарија нема да стави дополнително вето, нека го тргнат билатералниот договор од преговарачката рамка, уставните измени вакви какви што се нема да ги гласаме


Вакви какви што се уставните измени, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги гласа. Многу прецизно ги следам изјавите и пораките кои доаѓаат од меѓународните претставници во Македонија, но и оние коишто периодов беа тука и имавме средби. Тие цело време зборуваат дека нема да има дополнителни услови, за отпочнување на преговорите, и ние сме согласни со тоа, но сме сигурни дека ќе има понатаму дополнителни услови и тоа не може никој од нив да го гарантира, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Алсат М.

Мицкоски посочи дека меѓународните претставници не гарантираат дека од Бугарија нема да има нови услови понатаму, но дека ако не убедуваат дека нема да има, тогаш нека го тргнат билатералниот договор.

– Ако е така бидејќи трпението на граѓаните во Македонија е навистина преголемо и тоа се покажа уште од оној Договор за стабилизација и асоцијација па до денес, цело време има уште ова, уште ова, еве јас ќе дадам предлог нека го избришат билатералниот договор од преговарачката рамка и тогаш е бидеме сите сигурни дека нема да има дополнителни услови, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека не може одговорот за билатералниот договор е дека тие работи се неменливи, за Македонија треба да важат само Копенхагеншките критериуми.

– Ако сакате да веруваме дека официјална Софија понатаму нема да стави дополнително вето, тогаш, да го промениме делот каде што освен Копенхагеншките критериуми во преговарачката рамка е вклучен и билатералниот договор со Бугарија, нагласи Мицкоски.


 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *