Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали имаат комуникација со власта за новиот закон за амнестија, повтори дека уште пред неколку месеци прекинале било каква официјална или неофицијална комуникација со Владата и оти партијата преку демократски алатки ќе го блокира новиот Законот за амнестија што го подготви власта.
-Ќе ве молам внимателно да ги следите изјавите од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ кажа уште пред неколку месеци дека ја прекинува комуникацијата, изјави Мицкоски запрашан дали власта има некаква формална или неформална комуникација за новиот Закон за амнестија или пак сама сама него го подготвува, истакна тој.
Мицкоски додаде дека ниту има некаква официјална, или неофицијална, ниту пак ќе има официјална или неофицијална комуникација власта, ниту пак, како што кажа, „има било каква точка или запирка додадена вредност во текстот на тој закон кој што е предложен“.