ММФ прогнозира двоцифрена инфлација за Македонија, а Ковачевски дополнително зголемува цени, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Во моментот Македонија има за 50% поголема инфлација од Еврозоната.
Бројките и фактите покаажуваат дека инфлацијата не е увезена, туку дека е во целост производ на неспособноста и криминогеноста на Ковачевски и Ахмети.
И наместо власта да презема мерки за намалување на инфлацијата, Ковачевски го зголемува ДДВ за 1000 производи, а со тоа и цените на најголем број од основните прехранбени продукти, стои во соопштението на партијата.