“Мојата желба е што побрзо да се оперирам и
да бидам како и останатите деца” – Благица

Ве молиме ДОНИРАЈТЕ и СПОДЕЛЕТЕ затоа што животот нема реприза, а здравјето нема цена

Видео на линкот ТУКА
https://youtu.be/8rLR2ePRqu8
——————————————————————————
Сметки за донации се:















*важно – цел на дознака / Донација за Благица

SWIFT EXPCMK22
Име – JASMINKA MILEVA
адреса – PODARESH , PODARESH
*цел на дознака / Донација за Благица
——————————————————————————
Добри луѓе, пријатели со големо срце, Ви реков дека ќе стигнеме до целта и таа е веќе блиску пред нас, видлива е

Денес е 1 ви септември, ден во кој првачињата за првпат ќе седнат во училишните клупи, останатите ќе уживаат во повторната средба со своите врсници, а јас и Благица денес ја започнуваме претпоследната битка

Тоа е борбата во која треба за најкратко време да ги собереме средствата за потребната операција, а веднаш по тоа да отпатуваме за Турција да се избориме со последната пречка

Желбата за оздравување кај Благица е немерлива, а храброста кај неа е неопишлива

Останува уште Вие, драги наши сограѓани од цела Македонија и целиот свет, браќа и сестри со големи срца, Вие кои сте од секоја вера и нација, Вие кои сте од секој пол и религија, Вие да ни помогнете што побрзо да собереме доволно средства и конечно да ја завршиме оваа неколку годишна голгота

Уште еднаш за крај на овој пост, исто како и на почетокот, сите кои сакате да помогнете, Ве молиме ДОНИРАЈТЕ и СПОДЕЛЕТЕ, кој колку може, кој колку сака затоа што животот нема реприза, а здравјето нема цена

Да сте ми живи и здрави, среќни и долговечни, овде на земјата благодарноста е наша, а во вечноста од Бога







https://youtu.be/8rLR2ePRqu8