Над 500 илјади Македонци се умерено сиромашни, скоро 90 илјади екстремно

siromashtija

600 илјади Македонци живеат во сиромаштија, а од нив 86 илјади во екстремна сиромаштија. Ова го покажува истражувањето за поскапувањето и инфлацијата на бившиот советник во МФ, Бранимир Јовановиќ, издадено од страна на Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој – СИГА, а со поддршка и во партнерство со Фондација „Фридрих Еберт“ Скопје, која се фокусира на сериозниот предизвик со кој се соочува Македонија, а тоа е инфлацијата и нејзиното влијание врз сиромаштијата.

„Не се веќе сиромашни само тие по контејнери, и тие со 2 плати се сиромашни. Тие по контејнери се бедни. Кога не можеш ништо да уложиш у куќа, како сакате да биде. Ништо не се реновира по дома. Некој дел да ми се расипе од апаратите, не можам да го сменам, а камоли ново.“
(Учесничка во фокус група во Тетово, јуни 2023 година)

„Пред 3 години зимавме помалку ама живеевме подобро, трошоците ни беа помали.“
(Учесник во фокус група во Тетово, јуни 2023 година)

Како што објаснува Јовановиќ во воведот, оваа студија ги проценува ефектите од поскапувањата во 2022 и 2023 година врз екстремната и умерената сиромаштија во Македонија.

portland opc

Резултатите покажуваат дека во 2022 година, бројот на лица кои живеат во екстремна сиромаштија се зголемил драстично, за 24 %. Во 2023 година, во најдобриот случај, бројот на сиромашни само минимално ќе се намали во однос на 2022 година, а во најлош случај, ќе порасне за дополнителни 20 %. Севкупно, бројот на лица кои ќе западнат во екстремна сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 12.000 и 28.000 лица. Слични се движењата и кај умерената сиромаштија – таа во 2022 година пораснала за околу 15 %, а во 2023 година ќе порасне дополнително за уште 5 % во најдобриот случај, односно за 24 % во најлошиот случај. Со тоа, бројот на лица кои ќе западнат во умерена сиромаштија овие две години ќе изнесува помеѓу 77.000 и 157.000. Причините за ваквите движења се што примањата на граѓаните – платите, пензиите, социјалните трансфери – не го следат растот на цените.

370163637 831180495680442 232987724433569045 n
Реклама.       СП ПРИМАДЕНТ 

Конкретните мерки кои државата може да ги преземе за да спречи раст на сиромаштијата поради поскапувањата, или барем да го ублажи истиот, се: да ги зголеми сите видови социјални издатоци – социјална помош, детски додаток и пензии, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да обезбеди посебен антикризен надоместок до граѓаните кој ќе го покрие растот на цените; да ги зголеми минималната плата и платите во јавниот сектор, барем за онолку колку што изнесува инфлацијата; да ги ограничи цените
на одредени стратешки производи, како храната и енергијата, со цел да ја ублажи инфлацијата.

baner portland horizontalen
Целата студија тука