НОВО

На денешен ден, 1993-та, почина Блаже Конески. Најголемиот што оваа земја го имала. Вечна му слава.

408166528 10232353985021545 8367456518847031014 n

За животот на Блаже Конески

.

Блаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско, каде живеел до својата осма година. Потоа, целото семејство се преселило во Прилеп и таму Конески учел основно училиште и нижа гимназија. Виши класови гимназија завршил во Крагуевац, а студиите по славистика ги започнал во Белград, а ги завршил во Софија 1944 година.

По ослободувањето дошол во Скопје и развил богата културна и научна дејност.

Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома).
Освен со научна, Конески се занимава со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност.
Во 1945 г. се појавува неговото прво поетско дело Мостот“, со мотив од изградбата на земјата; 1948 г. збирката Земјата и љубовта“ – песни со патриотски и борбени чувства, карактеристични за првата фаза на повоената македонска поезија; 1953 г. збирката Песни“, каде се свртува кон себе, кон својата интима.
Следуваат збирките: Везилка“, циклусот Стерна“, збирката раскази Лозје“. Ги напишал и збирките песни: Записи“, Стари и нови песни“, Чешмите“, Послание“, Цркви“, Златоврв“, Сеизмограф“, Небесна река“ и Црн овен“.
Конески беше почесен директор на неколку универзитети, а во негова чест, денес Филолошкиот факултет го носи името Блаже Конески.
Поетското творештво на Блаже Конески

dzovi kompani baner horizontalen 1

Во првите песни на Блаже Конески среќаваме родољубиви мотиви како реакција на штотуку завршената Револуција.
Тие песни се блиски до народот, татковината е реален поим, татковината живее во него и во секој наш човек, тој ја гледа, ја разбира и ја прифаќа, ја оживува нејзината историја, традиција, бит и ги поттикнува родољубивите чувства.
Типична, во оваа смисла е антологиската песна Тешкото“.
Во поемата составена од десет строфи од по осум стиха, поетот преку традиционалното оро Тешкото, ја искажал својата љубов кон татковината.
Песната започнува со растреперената душевна состојба на лирскиот субјект кога ќе ги слушне првите звуци на орото. Му навираат солзи, му иде да плаче ко дете“, зашто тие звуци го потсетуваат на татковината и на нејзиното минато.
Во продолжение, со мирен, спокоен тон, како што започнува орото, поетот ја ткае својата песна. Старците први се фаќаат и го започнуваат орото со мирен и бавен чекор, но рзнувањето на тапанот го забрзува ритамот во кој се приклучуваат и младите кои го лулаат орото и ја завртуваат земјата.
Орото и неговиот народ се едно исто. Во орото е вткаена исконската сила на нашата земја, во него шумат реките, рика дивиот ветар, шепнат узреаните жита, во него е вткаена душата на народот.
Минатото, лирскиот субјект го споредува со синџир на робја, долговековното ропство е мрачно, ужасно и крваво. Но, народот поведува бујно, бунтовничко оро“ што ќе доведе до посакуваната слобода. Песната завршува оптимистички, иднината е во посветли бои и трипати подобра од минатото.
Тешкото

(Земјата и љубовта“)

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот —
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто ми навира река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик —
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.
.
О тешкото! Старци излегуваат еве,
на чело им мисла, во очи им влага
и првиот чекор по меката трева
е мирен и бавен, со здржана тага.
но, ’рзнува тапан и писок се крева
и молнија светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.
.
До старците момци се фаќаат скокум;
не издржа срце — сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен в око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш — се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.
.
И божем се врасло кипнатово оро
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветар и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.
.
И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета —
век по век што трупал се попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна — за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.
.
О, тешкото! Кога во молк те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш — в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура —
и еве кај иде од маглата матна
сè сенка до сенка, сè еден до друг —
во бескрајно оро син оди по татка,
по деда си — внук.
.
Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка — на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват — сè чекор по чекор.
О, времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?!
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!
.
Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти.
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред,
со врзани раце со плен што ги погнал
насилникот клет.
.
О, тешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
Се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад —
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.
.
О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретам,
зар чудно е — солза да потече врела,
зар чудно е — жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно роропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
и животот твој!
На денешен ден, 1993-та, почина Блаже Конески. Најголемиот што оваа земја го имала. Вечна му слава.
Разговор
Јас замислувам разговор со тебе,
Некакво правдање,
Некакво објаснување.
Јас смислувам прикладни зборови,
Вистинити,
Топли,
Искрени докрај.
Можеби јас би ти кажал
Во тој дијалог
Дека, и покрај сето,
Ти си повлекла виножито
Над мојот живот,
Дека ти си ме вклопила во некаква неповторлива целост,
Така што се’ добило своја смисла,
Како само по себе да се создало чудо.
Можеби малцина, а можеби и никој
Не се измислил така себе си
Како што сме се измислиле ние двајцата.
Па сепак, и покрај тој голем подем
По гест и збор,
На крајот заклучувам
Дека е подобро да не дојде воопшто до тој разговор.