НИКОЛА ЃЕНОВ! МАКЕДОНСКИОТ ЈУНАК НАД ЈУНАЦИТЕ за кој мора да дознае цела Македонија!

nikola

НИКОЛА ЃЕНОВ

Ова е кратка приказна за јунакот над јунаците, најдена на страниците на двата од најпознатите американски весници, Филаделфија инквајрер (Philadelphia Inquirer), од 18 април 1924 година и Портсмут дејли тајмс (Portsmouth Daily Times) од 17 април 1924.

dzovi kompani baner horizontalen 1

Од весниците го дознаваме следното за Никола Ѓенов:

Во 1924 година, Никола Ѓенов (во некои преводи стои Гуеноф) се самоубил на туѓа земја за Бугарија да не го добие неговиот имот, па сите негови пари отишле за Македонската кауза како што е наведено во неговиот тестамент.

Од Портсмут Дејли Тајмс, 17 април 1924 година:

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

„Избирајќи го американскиот конзулат за свое место на жртва, Никола Ѓенов, поранешен висок македонски функционер, денеска изврши самоубиство за неговиот имот да оди на македонската кауза. Гуенов сакаше целото свое богатство да и го предаде на македонската организација, но не можел да го стори тоа, според бугарските закони, освен ако не умрел на туѓа земја. Имотот на лице што умира во Бугарија без законски наследници е конфискуван од државата.

Поранешниот службеник влегол во конзулатот и го прашал вицеконзулот Ф. Лерој Спенглер неколку прашања, чии одговори го потврдија неговото разбирање за законот. Потоа извикувајќи „ова е американска почва!“ тој извадил револвер, испукал истрел во мозокот и паднал мртов. 40000 лева и 4000 долари најдени се на неговото тело, заедно со тестаментот во кој тој сето тоа го остава на македонската кауза“.

Вечен му спомен и слава на јунакот Никола, македонска гордост! Заслужува сите да знаат за него!