За еден месец просечната плата пораснала за 330 денари. Статитика пресмета дека во мај нето просекот изнесувал 36.465 денари, што за една година е пораст од 16 отсто, но реално, поради инфлацијата нешто над 4%.
Платите растеле скоро во сите сектори. И треба да растат – затоа што се зголемувале трошоците за живот согласни се од Синдикатот. Нивните математики говарат дека за истиот месец на 4 члено семејство му биле потребни над 49 илјади денари за да го истуркаат месецот.
На врвот на листата најплатени и натаму се програмерите. Месечно земаат над 93.500 денари. Под 60 илјади денари плата земаат вработените во телекомуникациите – банките, финансиските друштва, фармацијата, управувачки дејности и научните и технички дејности. Најниски плати се исплаќаат во преработувачката индустрија. И тоа во кожарската 24,000, и кај производство на прехранбени производи скоро 29,000 денари.
Со потпишаниот колективен договор, платите ќе продолжат да растат, не само во админситрацијата, туку и во приватниот сектор, велат од ССМ
Инаку денеска и хрватскиот завод за статистка ја објави просечната плата во мај. Изнесува 1.133 евра, Најплатени во Хрватска се вработените во авиоиндустријата, во просек по 2,000 евра, додека најниски плати добиваат во произвооството на облека – 750 евра месечно.
Извор: СителТв