Ведските списи опишуваат како времетраењето на деновите и ноќите, како и месеците и годините, е различно на различни планети, ѕвезди и светли небесни тела. Времето на повисоките планети како што се Месечината и Венера се мери поинаку од времето на Земјата. Се вели дека шест месеци на оваа планета Земја се еднакви на еден ден на повисоките планети. Во Бхагавад-гита се вели дека должината на денот во Брахмалока е 1.000 пати четири југа или 4.300.000 x 1.000. И месецот и годината во Брахмалока се пресметуваат на овој начин.
Колку и да е неук за патот до среќата и за патот кој води до најмрачните предели на незнаењето, секој е свесен за влијанието на вечното време, кое ги проголтува сите резултати од нашите материјални активности. Телото се раѓа во одредено време и веднаш времето влијае на него. Од денот на раѓањето на телото дејствува и влијанието на смртта; стареењето го носи со себе влијанието на времето врз телото. Ако некое лице има триесет или педесет години, тогаш влијанието на времето потрошило триесет или педесет години од неговиот животен век.
Секој е свесен за последната фаза од животот, кога ќе ги сретне суровите раце на смртта, но некои ги земаат предвид годините и околностите, го земаат предвид влијанието на времето и вршат побожни дела, за во иднина да не да бидат сместени во пониските семејства или во животинскиот вид.
Луѓето најчесто се приврзани за сензуално задоволство и затоа се стремат да живеат на повисоки планети. Тие се занимаваат со добротворни или други побожни активности, но како што е наведено во Бхагавад-гита, не може да се ослободи од синџирот на раѓање и смрт дури и ако се оди на највисоката планета Брахмалока, бидејќи влијанието на времето постои насекаде во овој материјален свет. Меѓутоа, во духовниот свет творецот на времето нема никакво влијание.
„Творецот на времето, што е причина за преобразување на различни материјални творби, е уште една карактеристика на Врховната Божја Личност. Секој што не знае дека времето е истата Божествена Личност, се плаши од создавачот на времето“. (СБ, 3.29.37)
Сè што е создадено ќе биде уништено
Главната улога на создавачот на времето, претставникот на Бога, е да уништи сè. Луѓето во материјалната свест се зафатени со производство на толку многу работи во име на економскиот развој.
Тие мислат дека напредокот во задоволувањето на материјалните потреби ќе ги направи среќни, но забораваат дека се што создале ќе биде уништено со текот на времето. Од историјата на човечкиот род можеме да видиме дека на површината на Земјата постоеле многу моќни империи, создадени со големи маки и истрајност, но со текот на времето сите биле уништени.
Многу големи освојувачи и цареви како Александар Велики, Цезар, Ханибал, Атила, Карло Велики, Наполеон продефилираа низ историјата на човештвото, но сите империи што ги основаа на крајот се распаднаа и паднаа во заборав. Меѓутоа, луѓето со материјалистички дух не можат да разберат дека само губат време со производство на материјални нешта, кои се веќе предодредени да бидат уништени со текот на времето. Ова губење на енергија е последица на незнаењето на повеќето луѓе, кои не знаат дека се вечни и дека имаат и вечно занимање.
Тажен факт е што мнозинството од населението навистина не разбира дека времетраењето на животот во одреден тип на тело е само блесок во вечното патување. Не знаејќи го овој факт, тие мислат дека во светот има само мал блиц на живот и губат време во подобрување на економските услови.