Почитувани граѓани на 31.07.2023 година беше продолжена прекинатата дваесет и шестта седница на советот на општина Босилово од 19.07.2023.
Она што е позначајно од дневниот ред на оваа седница е тоа што втората точка односно „Предлог-измени и дополнувања на Програмата за еднакви можности помеѓу мажите и жените на општина Босилово за 2023 година“ помина само со гласовите на советниците од ВМРО-ДПМНЕ и советникот од СТИГА-Е кои гласаа ЗА, додека советниците од СДСМ гласаа ПРОТИВ.
Со измените на програмата, а почитуваќи ги уставот и законите се сака да се стави крај на заблудите на што се однесува родовата еднаквост и дека постојат повеќе родови, различни од двата пола. Под родова еднаквост кај нас се подразбира еднакви можности помеѓу жените и мажите. Новите поими во предлог-законот имаат различни дефиниции од актуелните, па така за да не биде населението во заблуда дефиниравме што е маж, а што жена, а наместо за род да се зборува за пол. Со тоа сакаме да ги заштитиме правата на жените. Семејството е основна клетка на општеството составено од маж и жена, кои можат да бидат мајка и татко.
Исто така позначајни точки кои беа додадени како дополнителни на дневниот ред беа точките поврзани со рудникот за бакар и злато „Иловица“:
1. „Предлог – одлука за мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини на територијата на општина Босилово“
2. „Дали советниците во советот на опшитна Босилово се против отварање на рудникот за бакар и злато Иловица“.
За првата точка сите советниците гласаа ЗА а за втората сите гласаа ПРОТИВ.