Се изврши расчистување на вегетацијата и гранките на патниот правец Градошорци-Едрениково заради подобрување на видливоста и безбедноста во сообраќајот .
Расчистена е дивата депонија пред населеното место Едрениково.
Поради континуираните врнежи карактеристични за изминатиот период крајпатниот појас беше обраснат со вегетација, грмушки, гранки надвиснати над коловозот.
Со оваа комунална активност се расчистува целиот патен правец од Градошорци до Едрениково со што се подобруваат условите за одвивање на сообраќај и воопшто условите за живот на граѓаните од овој крај.
Со граѓаните сме постојано во комуникација и согласно нашите можности, одговараме на нивните потреби.
На сите нас е да се грижиме за околината, зашто само заедно може да придонесеме за зачувување и подобрување на животната средина.