Општина Виница: 38- от Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“ ќе се орджи од 08 септември до 14 септември 2023 година


Ве покануваме да присуствувате на 38- от Меѓународен фолклорен фестивал „Истибањско Здравоживо“ кој ќе се орджи од 08 септември до 14 септември 2023 година. На овој фестивал ќе учествуваат 8 ансамбли од светот и 12 фолклорни ансамбли од Македонија со над 600 – тина фолклористи.

➡️( Сабота ) 09.09.2023година од 14: 30 Заедничко оро за сите учесници, фолклорно дефиле во с.Истибања, отварање и концертен настап, македонска национална вечер;

➡️( Недела ) 10.09.2023 година од 15:30 Фолклорно дефиле во Зрновци, настап на плоштадот во Зрновци, национална вечер;

➡️( Среда ) 13.09.2023 година од 15:30 Фолклорно дефиле низ Виница, гала концерт на плоштадот „Ангел Винички“ во Виница, заедничко оро за сите учесници и затворање на фестивалот.


Миле Петков – Градоначалник на Општина Виница