Општина Струмица заедно со Македонската секција на Центарот за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи (SDEWES-Скопје) го спроведува проектот SCALE-UP, финансиран од програмата на ЕУ, Хоризонт Европа

385524054 705768297685806 1156690485372670326 n

Општина Струмица заедно со Македонската секција на Центарот за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи (SDEWES-Скопје) го спроведува проектот SCALE-UP, финансиран од програмата на ЕУ, Хоризонт Европа. Во рамките на проектот таа е домаќин на студиска посета од претставници на земјите кои се дел од  партнерите во проектот, Холандија, Германија, Полска и Шведска. На средбата со нив, градоначалникот Костадин Костадинов даде целосна поддршка на забрзувањето со управувањето на биоотпадот, потенцирајќи дека Струмица има огромен потенцијал за развој на биоекономијата на одржлив начин.

Според Томислав Андреев, раководител на Одделението за заштита на животната средина, ова значи дека нашиот регион ќе се фокусира на синџирот на вредност поврзан со повеќе процеси и употреби за компостирање.

-Струмичкиот регион се смета за најголем производител и извозник на земјоделски производи, пред се поради добрата местоположба и блискоста со две земји од ЕУ (Грција и Бугарија). Како таква, Струмица има изобилство од земјоделски мрежи и здруженија кои сакаат да го забрзаат регионалниот развој на биоекономијата на одржлив начин. Главната цел на проектот е да се прилагодат, имплементираат и проценат алатките за да им се помогне на регионалните чинители да ги надминат бариери кон целосно искористување на биоекономскиот потенцијал во регионот.

Мене ми причинува посебно задоволство што нашата Струмица е избрана за локација каде што се врши студиска посета и каде што ќе се вклучат неколку опции за да се заокружат различни аспекти од управувањето со биоотпадот, собирањето остатоци и генерирањето на био- базирани производи и процеси.

Ние како држава и регион не сме толку напредни како развиените земји од ЕУ, но има малку добри практики кои би можеле да бидат од интерес за различни групи на чинители, особено насочени кон земјоделските фармери, претприемачи и иноватори, а најважно е што како општина, имаме силна желба да ги следиме овие современи трендови и да ја даваме нашата поддршка од кои сите ние заедно ќе имаме голем бенефит, рече Андреев.

380232656 1010152803440680 7336016127185886687 n
380232656 1010152803440680 7336016127185886687 n
380237961 757482159524194 7836454248925418577 n
380237961 757482159524194 7836454248925418577 n
380394699 1371002120508925 2096281099207021708 n
380394699 1371002120508925 2096281099207021708 n
384545839 311644131507664 1445869862730160086 n
384545839 311644131507664 1445869862730160086 n