НОВО

ОСУДА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА ВИСОКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА ДУИ ВО М-НАВ!

ali ahmeti ona uck

Загрозување на безбедност на меѓународен сообраќај, како што е неовластеното влегување во контрола на летање, се кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку 5 години.

Уште од хашките случаи во времето на ДПМНЕ, па до овој последниот во М-НАВ, ДУИ е заштитена од системот во кој подеднакво владеат СДС и ДПМНЕ.

За нас спорно е и однесувањето на МВР, чија реакција не содејствува со сериозноста на делото, упад во стратешки објект на државата.

ДУИ е македонскиот пример зошто на луѓе припадници на терористички организации, не треба да им биде дозволен пристап до системот.

Но, благодарение пред се на американската амбасада, но и други западни амбасади, кои се нивни спонзори и менаџери, но и неспособноста на СДС и ДПМНЕ да изградат вредносен државен систем, денес ДУИ се однесува како бандите на башибозукот кои во турско правеле што сакале и за тоа имале заштита од управителите на Македонија.

Штетите кои ги трпи македонското општество од неспособната партизирана држава се огромни и сé  повеќе се животно загрозувачки.

Ја поздравуваме реакцијата на синдикатот за контрола на летање кој спречи поголем инциденти и не потклекна на притисокот на ДУИ, давајќи пример како треба да се бранат националните интереси.

Ние како народ мора да се реорганизираме и да го отфрлиме овој систем, кој е трул до коска и кој на првиот притисок ќе се распадне и ќе се стори прав.

 

ПП Родина Соопштение до медиумите