Палевски осомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски- Поопширно за сите детали

gjorcevska vanja isceznato lice

Палевски е поранешен градежен могул, кој е поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, сопственик на неделникот Старт, автор на подкастот Тешки Муабети на Инфомакс и основач на партијата Десна.

Познатиот скопјанец Љупчо Палевски е осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес.

dzovi kompani baner horizontalen 1

Палевски е поранешен градежен могул, кој е поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, сопственик на неделникот Старт, автор на подкастот Тешки Муабети на Инфомакс и основач на партијата Десна.

Вечер.мк ексклузивно дозна дека екипи на МВР и обвинителство вршат претреси во повеќе партиски простории на партијата на лицето на човекот кој скопјани го знаат по прекарот Палчо, односно движењето “Трета“, односно партијата “Десна“.

Тој во моментов е во бегство надвор од земјата, а како што се дознава лица од неговата партија се дел од уапсените за двете убиства.

Имено, станува збор за Велибор Маневски, Боре Видевски и Влатко Кешишев- сите тројца дел од блиското опкружување на Палевски и сите тројца се уапсени.

Неофицијално, четвртиот осомничен е од потесното смејство на Вања.

Според досегашните сознанија, Панче Жежовски од осомничените е убиен поради некакви нерасчистени односи околу копање злато, а во однос на Вања Ѓорческа работите остануваат нерасчистени.

Во прилог, целото соопштение на МВР за случајот:

Соопштение 03.12.2023

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат. Во врска со двата случаи, осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица. Претходно, во врска со кривичните дела беше пронајдено опожарено возило „цитроен“ и по извршени вештачења обезбедени се материјални докази за инволвираност на лицата, за што по целосно документирање на случаите, во координација со Јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Од спроведените истражни дејствија утврдено е дека и двете убиства се извршени од истите лица, чиј мотив е „користољубие“. Исто така, од реализираните оперативни мерки е утврдено дека малолетничката В.Ѓ. е земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот. Веднаш по добивањето на пријавите за исчезнатите лица, преземени се мерки и активности за нивно пронаоѓање, а во СВР Скопје беше формиран и посебен Оперативен штаб, на чело со началникот на СВР Скопје. Извршени се претреси во домови и други простории на подрачјата на СВР Скопје, СВР Велес и СВР Штип, при што пронајдени и одземени се мобилни телефони, компјутери, возило и др., извршени се бројни разговори со семејствата, познаниците, пријателите и лица кои би можеле да имаат било каква информација, а во истражните дејства секојдневно беа вклучени неколку стотини полициски службеници кои работеа исклучиво на овие случаи. Увид на двете локации каде беа пронајдени телата на исчезнатите денеска извршија јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје и од Основното јавно обвинителство Велес. Издадени се наредби за обдукции на телата на жртвите и за соодветна идентификација. Исто така, издадени се наредби за прибирање и вештачење на сите траги и докази од двете локации.

Во деновите по исчезнувањето на двете лица, јавните обвинители издадоа наредби за претреси на повеќе локации, обезбедување снимки од видео надзор, лоцирање врз основа на базни станици, анализа и вештачења на електронските уреди, вештачења на материјални траги и докази, вклучително и автомобилот поврзани со настанот. Сослушани се лица кои би можеле да имаат определени сознанија за настанот и врз основа на сите прибрани докази настанот е расчистен во однос на осомничените сторители и нивните мотиви.

baner portland horizontalen

Кој е Љупчо Палевски- Палчо? Од водител на Инфомакс до претседател на градска организација на СДСМ и инвеститор во нивно време

Јавноста со право бруи и прашува зошто МВР го пушти Палчо да избега и дали беше презафатена со Самитот на ОБСЕ, наместо да реагира навремено и да го спречи да избега од Македонија?

Љупчо Палевски- Палчо е поранешен градежен могул, поранешен претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, сопственик на неделникот Старт, автор на подкастот Тешки Муабети на Инфомакс и основач на партијата Десна… Кој е всушност Љупчо Палевски- Палчо?

Познатиот скопјанец Љупчо Палевски кој е осомничен за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74 годишниот Панче Жежовски од Велес е поранешен градежен претприемач во времето на СДСМ, а сега политички активист.

На први декември, истиот ден кога избегал од земјава, осомничениот за убиствата на Вања и Панчо објавувал содржини на својот Фејсбуки профил.

Додека целата јавност трагаше по исчезнатото девојче, осомничениот Љупчо Палевски, секојдневно објавувал статуси.

Последната објава му е во петокот на први декември во 13:51.

Во петокот, кога завршуваше Самитот на ОБСЕ во Скопје, тој има шест објави на Фејсбук поврзани со политика. На 29 ноември, два дена по исчезнувањето и убиството на девојчето, тој има видеообраќање до своите следбеници, повторно поврзано со политика, како и уште неколку политички објави.

ПАЛЧО Е ДОБРО ПОЗНАТ И НА ЈАВНОСТА И НА ПОЛИЦИЈАТА

Љупчо Палевски- Палчо во јуни 2020 година бил уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палевски тогаш се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје, па го привела во ПС Центар.

Бизнисменот Палчо, во септември истата година беше приведен на белградскиот аеродром на пат кон Москва, а по осум месеци, повторно беше пуштен на слобода, по што се вратил во Македонија.

Тој беше уапсен по потерница на Хрватска, за некаков наводен долг на негова фирма во оваа земја.

Палчо беше осомничен и во една од предистрагите на СЈО „Никола Тесла”, поради што во неговиот дом беше направен претрес.

Наводно беа пронајдени “бомби”.

Палевски исто така во мај годинава бил фатен со пиштол без дозвола во близина на тунелите Демир Капија- Јаворица.

Според информациите до кои тогаш дојде Вечер.мк, Палевски бил фатен заедно со уште три други лица како бараат злато, а се обидел да го фрли пиштолот за кој имал само дозвола за поседување, не и за носење.

Случајот е наведен и во билтенот на МВР.

На 05.05.2023 околу 00.30 часот на земјен пат во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ од лицето Љ.П.(58) од Скопје одзеле пиштол „Валтер“ калибар 9 мм, кој го носел без дозвола, стои во билтенот на МВР.

Јавноста со право бруи и прашува зошто МВР го пушти Палчо да избега и дали беше презафатена со Самитот на ОБСЕ, наместо да реагира навремено за да биде спречено бегството од Македонија?

oglasi jovi kompani

Во исчезнувањето на Вања инволвиран и нејзиниот татко

Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него е извршен распит и ќе се преземат мерки по насока на Јавното обвинителство.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција информираше дека девојчето Вања Ѓорчевска е киднапирана пред влезот на нејзиниот дом откако претходно нејзиниот татко споделил информација со организаторот за времето на нејзиното излегување.

-Како што веќе сте запознати, мотивот е „користољубие“ при што едно од лицата во договор и со знаење, според привчните сознанија на член на семејството, го организирал извршувањето на кривичното дело со цел да се изнудат пари од мајката на малолетничката од кое понатаму сите инволвирани би имале материјална корист, посочи Спасовски на заедничката прес-конференција со јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

portland opc

Таткото на Ѓорчевска е приведен, со него е извршен распит и ќе се преземат мерки по насока на Јавното обвинителство.

Убиството на 74-годишниот жител од Велес, како што посочи Спасовски, нема никаква врска со убиството на девојчето, но имал нерасчитени односи со еден од осомничените. Неговото возило „цитроен“ е искористено за извршување на киндапирањето на девојчето.

– Со тоа возило е одземена малолентичката и тоа во влезот од зградата каде живееле отако претходно според исказите на осомничените, таткото споделил информација со организаторот за денот и времето на нејзинот излегување, рече Спасовски.

Железара Џајми Комерц

Министерот изрази сочуство до семејствата на убиените и најави дека лицето кое е во бегство, а го има извршено убиството на Вања, ќе биде изведено пред лицето на правдата.

Првосомничениот според објавите на медиумите е Љупчо Палчевски – Палчо, а денеска на прес-конференцијата Спасовски рече дека тој заедно со неговиот адвокат со возило пребегнале во Белград, а потоа во Бугарија. По него се трага, а скопскиот обвинител Гаврил Бубевски нагласи дека против него ќе биде издадена меѓународна потерница.

PRESS

 

ИЗВОР: КУРИР.МК