Не може да се предвиде со сигурност дали ќе се случи социјален бунт во Македонија или не. Сепак, може да се заклучи дека секој вид на протести може да биде многу штетен за земјата и за граѓаните.
Во моментов, Македонија се соочува со многу предизвици и тешкотии, вклучувајќи го и пандемиската криза која зголеми притисок врз здравствениот систем и економијата. Бидејќи овие предизвици можат да бидат тешки за граѓаните, можеби е важно за лидерите да работат заедно и да најдат начини да ги решат проблемите.
Во секој случај, секое лице има право на мирен протест и да го изрази својот став. Но, е важно да се има во предвид дека мирниот протест е најдобриот начин за изразување на ставовите и добивање на поддршка од другите граѓани.
Следејки ги досегашните изјави по медиумите на сите засегнати страни во поново време и пензионерите си ги бараат своите права за достоинствен ѓивот кој веќе се организираат во сите градови наголемо се шушка дека Септември ќе биде пеколно бурен со настани и протести.
Претходно протести најавија докторите и администрацијата дека е веќе неподносливо да се преживува со ниските примања кој ги имаат а инфлацијата и цените се искачија до плафон.
Иако власта се фали дека направила зголемување невидено досега ,сепак тоа покачување е минорно во сооднос на покачените цени на секојдневните артикли.
Повеќе не станува збор за тоа како се живее во Македонија ами дали може да се преживее и тоа е голем проблем на сите граѓани кој останаа да живеат овде.
Ако функционерите си ги покачија нивните екстремно високи плати за плус 78% или околу 120 000 ден по функционер дополнително на нивните 80000 ден и плус бонуси по разни основи се поставува прашањето дали навистина се нема пари во буџетот за сите останати или станува збор за некаква стратегија за оддржување на власт со осиромашување на останатите и влеење страв за да не ги загубат и овие минимални примања.
Ситуацијата е како што вели народот нож до коска и нема веќе каде ,ЏА или БУ, ќе биде тензично и ќе биде тешко за власта да изнајде изговори како за нив има а за сите други нема средства или минимално да ги задоволи останатите граѓани.
Речиси 452 илјади граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2020 година во Македонија. Сиромаштијата највеќе ја чувствуваат младите на возраст до 17 години.
Поводот е тоа што Република Македонија е секој ден, секој месец и секоја година е посиромашна земја. Ние сме навистина загрижени од трендот со кој расте сиромаштијата во земјава и од нефункционалниот систем на социјална заштита се само дел од размислувањата на сите засегнати страни и на секој граѓанин во Македонија.