Пензионерите го блокираа влезот и излезот на Неготино, бараат покачување од 5.000 денари за сите и минимална пензија 18.000 денари

wwozt 9

Блокада на влезот и излезот на Неготино откај Гевгелија, поставија денеска пензионери со мирен протест и бараат повисок стандард.

 

– Бараме линеарно покачување на пензиите од по пет илјади денари, минималната пензија да биде 18 илјади денари. Бараме поголеми права и подостоинствен живот, рекоа пензионери на протестот.

 

 

 

Сообраќајот на лице место го регулира полицијата, а возилата се пренасочуваат кон алтернативни улици во градот. Се препуштаат итни случаи, а на оние што не им се чека, за Скопје и Гевгелија, одат преку Кавадарци.