НОВО

Пет факти за јапонскиот образовен систем од кои може многу да научиме

np file 57605

За Јапонците образованието е многу важно, не залудно во таа земја има 210 училишни денови. Иако постојат многу сличности меѓу јапонскиот образовен систем и оној во другите земји, сепак некои аспекти го прават еден од најефективните во светот.

Што може да научиме ние од него?

1. Децата сами го одржуваат просторот чист

Иако во училиштата низ светот има вработени хигиеничари, во Јапонија тоа не е случај. Таму учениците се одговорни за хигиената на училницата, трпезаријата, па дури и на тоалетите.

Јапонскиот образовен систем верува дека заедничкото чистење ги поттикнува децата да си помагаат и да работат тимски. Минувајќи време во бришење клупи и столчиња, како и метењето подови, децата учат да ги почитуваат сопствениот, но и туѓиот труд.

2. Учениците јадат заедно со учителите

Во Јапонија се смета дека заедничкото јадење ги обединува учениците и учителите и ги поттикнува да градат позитивна врска. Во текот на оброкот може да се одвиваат разговори кои помагаат во создавањето на потопла, семејна атмосфера.

Јапонскиот образовен систем им обезбедува на децата здрави оброци. Во јавните основни и средни училишта ручекот се готви според стандардизирано мени развиено од здравствени работници и квалификувани готвачи.

3. Учениците по наставата имаат практична работа

Работилниците се многу популарни во Јапонија, а се одржуваат по завршување на часовите. Во нив учениците учат нови вештини, а некои деца ги посетуваат и во  текот на викендот и празниците.

4. Јапонските ученици учат поезија и јапонска калиграфија

Јапонската калиграфија е облик на уметност со која луѓето пишуваат знаци. Хаику е облик поезија со едноставни фрази кои пренесуваат длабоки емоции. Се смета дека овој облик поезија има интелектуален и терапевтски ефект,

Со двете техники децата учат да ја почитуваат традицијата и да ја ценат својата култура.

5. Сите ученици носат училишни униформи

Скоро во сите средни училиште во Јапонија целта е да се отстранат пречките и да се поттикне чувството на заедница. Кодексот на облекување овозможува насочување на вниманието кон учењето, а децата се поттикнуваат на самоизразување преку други методи, а не само низ стилот на облекување.

 

извор: kajgana.com

 

Јапонскиот образовен систем е национална гордост во оваа земја, со традиционален пристап кој им помага на учениците да бидат подобри од нивните соученици од целиот свет. PISA тестовите го докажуваат ова.

Јапонскиот систем се состои од:

6 години основно образование
3 години јуниорско средно училиште
3 години сениорско средно училиште
4 години факултет

Со оглед на фактот што нивниот образовен систем е толку добар, Јапонија го има најобразованото население во светот (со 100 отсто запишани деца во задолжително одделение и 0 отсто неписменост).

Како работат јапонските училишта?

Поголемиот дел од училиштата работат врз основа на систем со три мандати, со започнување на новата училишна година во април. Освен пониските одделенија во основно училиште, во просек, училишниот ден во текот на неделата трае 6 часа, што го прави еден од најдолгите училишни денови во светот. Откако ќе заврши училишниот ден, учениците сѐ уште треба да ги направат вежбите и домашните задачи. Одморот им е 6 недели за летниот распуст и 2 недели за зимскиот распуст и во текот на пролетта. Но, имаат домашни задачи и за време на одморите.

Секое одделение си има училница во која учениците полагаат тестови, освен праксата и лабораториската работа. Во текот на основното образование во повеќето случаи еден наставник ги предава сите предмети. Бројот на учениците во една училница обично е до 40.

Во јапонските училишта децата сами ги чистат училниците, мензите и тоалетите. Тие се поделени во мали групи и нивните задолженија ротираат во текот на целата година. Нивниот образовен систем верува дека така учат тимска работа, но и дека овие активности им помагаат повеќе да го ценат и својот труд и туѓиот.

Што учат учениците?

Предметите се јапонски јазик, математика, наука, општествени науки, музика, занает, физичко и домашна економија (за да ги научат основите на готвењето и шиењето). Сѐ поголем број училишта започнуваат да воведуваат англиски и информатичка технологија.

Учениците учат и традиционална јапонска уметност како сходо (калиографија) и хаику – форма на поезија развиена во Јапонија пред околу 400 години.

Речиси сите јуниорски средни училишта бараат од своите ученици да носат униформи. Во државно основно и средно училиште учениците јадат во училницата. На овој начин и учениците и наставниците градат подобри односи.

Учениците никогаш не бегаат од часови, ниту доцнат. Тие имаат силно чувство за припадност во училиштето, не се чувствуваат како аутсајдери, ниту пак се чувствуваат изоставени. Истражувањата покажуваат дека 85 отсто од учениците се среќни на училиште, а 91 отсто од учениците изјавиле дека никогаш, или многу ретко, го игнорирале она што го предава наставникот.