Поставени 12 контејнери за селекција на пластика во Босилово.
Селекција на пластика во Босилово.
Денес се поставени 12 контејнери за селекција на пластика во Босилово. Претходно се поделени 40 пластични канти (на сите правни лица во Босилово) за селекција на пластика.
Апелирам до граѓаните да го поддржиме процесот на селекција на пластика оти пластиката е еден од најлошите и најголемите загадувачи.
Процесот на селекција на пластика ќе продолжи и во другите населени места. – Напиша Манчев.