Постојат неколку видови на карма што секој човек треба да ги исполни. Врз основа на таа карма, ние сме родени во одредена земја, во одредено време.

394094974 676669857893571 7960867584906432567 n

Видови КАРМА и КАРМИЧКИ ДОЛГ кон животните и планетата

Постојат неколку видови на карма што секој човек треба да ги исполни. Врз основа на таа карма, ние сме родени во одредена земја, во одредено време.
Постои колективна карма, исто како што постои колективна свест. Луѓето кои живеат во исто време на Земјата имаат задача да постигнат дел од кармата што се споделува. Тоа е како еден вид долг кој треба да се исплати. Се додека не се врати долгот, не може да се продолжи понатаму.

Оние кои не го вратиле тој дел од долгот, а го напуштиле телото, набрзо се враќаат „назад“ – додека долгот не биде целосно отплатен. Ова е многу лоша вест за сите оние на кои не им е грижа што ќе се случи со Земјата откако ќе заминат бидејќи се враќаат речиси за неверојатно кратко време, многу често на истото место.

dzovi kompani baner horizontalen

Еден од заедничките долгови кои сите ние во моментов ги делиме е долгот кон животните кои се загрозени поради човечка негрижа и алчност, како и уништување на природата.
Замислете луѓе кои престојуваат во луксузен хотел со максимален број ѕвезди (метафора за нашата прекрасна Земја). Најмалку што можат да направат гостите на хотелот е да не го уништат хотелот во кој престојуваат. Со изобилството понудена храна, повеќето од гостите на хотелот одлучуваат да јадат храна направена од насилно убиените жители на истиот хотел. Тоа секако има свои последици.

banerПРИМА ДЕНТi horizontalen

Живееме во многу нестабилно време. Се нервираме за секакви дневни, политички, социјални и други вести. Многу нè вознемирува и нечија глупост, непромисленост, себичност, ароганција и алчност. Власта е резултат на колективната свест на еден народ. Со менување на свеста ќе се смени и власта.

Свеста се менува ако внимавате што внесувате во себе. Јадеме секој ден – на неколку часа. Она што го јадеме станува дел од нас. Ако не ви се допаѓа светот во кој живеете, гледајте што внесувате во себе, каква храна јадете, какви филмови гледате, со кого и со што разговарате, какви мисли имате во вашата глава. Само едно од горенаведените не е доволно, коректноста треба да постои на сите нивоа. Лутината нема да помогне, треба да ги промените вашите животни навики – за почеток, барем престанете да правите штета.

Не можеме да побегнеме од враќањето на долгот кон природата ниту како поединци, ниту како колектив… меѓу другото, затоа сега сме сите овде.