Предлог законот за амнестија е спроведена постапка и за неа министерот за правда Кренар Лога во наредните два дена ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите, а во меѓувреме тој ќе биде проследен до Собрание, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.
– Тоа е направено во меѓувреме. Во текот на наредните два дена, односно 48 часа, министерот за правда, Кренар Лога, ќе има детален брифинг со претставниците на медиумите за овој закон, кој што истовремено ќе биде доставен до Собранието. Што значи дека се работи за спроведена постапка и министерот за правда кој што ги знае сите детали во овој закон и за кој што тој веќе информираше и го имаше доставено на разгледување до пратеничките групи во Собранието пред да биде финално изготвен, ќе има детален брифинг со медиумите, рече премиерот.
Ковачевски претходно изјави дека Предлог законот за амнестија со кој се овозможува ослободување и намалување на затворски казни за лесни кривични дела, не се однесува за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон.
– Законот за амнестија кој е во владина процедура се однесува за одредена категорија затвореници и осуденици кои веќе се на издржување казни и не се однесуваат за случаи на СЈО, осудените од 27 април и парламентарни функционери против кои се води кривичен прогон, изјави премиерот, одговарајќи на обвинувањата на лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, дека СДСМ И ДУИ подготвуваат амнестија во договор со ВМРО – ДПМНЕ за да обезбедат гласови за уставните измени.
Законот не доби поддршка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а лидерот Христијан Мицкоски, најави дека не само што нема да го поддржи, туку преку демократски алатки ќе го блокира.
Целиот текст можете да го прочитате ТУКА
