Со претставата “Циркус Пирандело” во адаптација и режија на Бојан Трифуновски , Народниот театар “Антон Панов ”во август ќе учествува на Меѓународниот џез театарски фестивал Нишвил во Србија.
Театарскиот џез фестивал е културен настан од меѓународен карактер кој традиционално се организира и одржува секоја година во Ниш од 2017 година, во првата половина на август како дел од традиционалниот “Нишвил џез фестивал” .
Од 4 до 13 август ќе се одржи Меѓународниот џез театар фестивал “Нишвил” во Ниш, кој оваа година е под слоганот “И покрај тагата ”. Во текот на фестивалските денови ќе настапат 16 претстави од Хрватска, Бугарија, Романија, Унгарија и Србија , а нашата претстава ќе биде изведена на 4 август во 22:00 часот.
Во претставата играат Стојан Велков , Коста Ангов, Ангелина Тренчева Ангелова, Танкица Стојанова, Ефтим Трајчов Ѓаурски, Ванчо Василев и Игор Тодоров. Сценографијата и костимите се на Љупчо Јованов.
