Разбирање на емоции – што е емоционална интелигенција?

received 940298694324492

Разбирање на емоции – што е емоционална интелигенција
Емоционалната интелигенција е способност на една личност успешно да ги идентификува и да се справи со сопствените емоции и емоциите на другите.

Нашето однесување во голема мера е условено од нашите емоции, па затоа овој вид на интелигенција игра главна и најзначајна улога во нашите животи. Рационалната интелигенција нема никакво значење доколку не е во корелација со емоциите.

Коренот на зборот емоција е мотере, латински глагол со значење „да се движиш“, со додадениот префикс ‘е’, кој означува „да се движиш напред “, што ни навестува дека тенденцијата на дејството е карактеристика на секоја емоција. Емоциите се вкоренети импулси за дејство – се разделени од очекуваните реакции.

Емоционалната интелигенција започнува со самосвесноста, основа на која може да се развива и расте. Самосвесноста е способност за препознавање на сопствените чувства во моментот на нивното формирање и не треба да се едначи со свесноста. Taa е константно разбирање на сопствениот карактер, чувства, мотиви и желби – на ниво кое е индивидуално и одвоено од туѓата перцепција, другите луѓе и околината. Дополнително, самосвесноста е темел на една од основите на емоционалната интелигенција – вештината да се надмине лошото расположение.

Поголемиот дел од човековиот успех во животот и општеството е одреден токму од емоционалната интелигенција. Тоа што некој имал високи оценки во своето студирање, кажува дека бил успешен во областите во кои бил оценуван, но тоа не ни кажува ништо за неговото реагирање на промените во животот. Емоционалната интелигенција му подарува на нашето битие особини кои не прават почовечни.

Емоционални вештини:
препознавање и именување на чувствата
изразување на чувствата
проценка на интензитеот на чувствата
управување на чувствата
одложување на уживањето
контрола на поривот
намалување на стресот
спознавање на разликата меѓу чувствата и дејствувањата
Постојат четири нивоа на емоционалната интелигенција: перцепција на емоции, можност рационално да ги користите, разбирање и управување со емоциите. Тоа исто така вклучува познавање на сопствените чувствa, мотивирање на себе си, контролирање на интензитетот на чувствата, препознавање на емоциите кај другите луѓе и воспоставување и одржување на здрави односи со другите луѓе.

Според Goleman, емоционалната интелигенција се состои од 5 компоненти/чекори:

Самосвест
Саморегулација
Емпатија
Самомотивација
Социјални вештини
Сите ја користат емоционалната интелигенција за решавање на широк спектар на општествени проблеми. Без емоционалната интелигенција не може да се доживее успех во животот. Успешен лидер е оној кој поседува висок степен на емоционална интелигенција. Freedman многу оддамна кажал: Емоционалната интелигенција е начин на препознавање, разбирање и избирање на тоа како размислуваме, чувствуваме и дејствуваме, ги обликуваме нашите интеракции со другите и нашето разбирање за себе. Тој дефинира како и што учиме, ни овозможува да се утврдат приоритетите, тоа го одредува поголемиот дел од нашите секојдневни активности. Истражувањата сугерираат дека е одговорна за околу 80% од “успехот” во нашите животи.