Ја одбележуваме 145та годишнина од кревањето на МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во месноста Кресна, Пиринска Македонија.
Еден од најсветлите денови во македонската ослободителна борба и врв на стремежот за независна, самостојна Македонија на Македонците.
Востанието било организирано и благословено од Митрополит Натанаил Охридски (Кучевишки), а предводено од даскалот и војвода Димитар Поп-Георгиев Беровски и Војводата Дедо Иљо Марков-Малешевски. Командант на здружените востанички чети бил избран капидан (капетан) Стојан Карастоилов. Востанието имало и меѓународна подршка од словенските земји, најмногу од руските (козачки) одреди предводени од атаманот Адам Калмиков и полскиот бригадир Луј Војткиевиќ. Значителна помош стигнала и од тукушто ослободеното бугарско кнежество, но подоцна дошло до големо несогласување со бугарските сили; Откако се увидело дека тие го негираат македонскиот карактер на востанието и основната идеја на востанието- НЕЗАВИСНА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА.
Востанието постигнало значителен успех, можеби најголем во ослободителната борба на Македонците.
Биле ослободени Мелничко, Беровско, Радовишко, Делчевско, Демирхисарско и околу 20 други села.
Македонското востание, уште познато како Кресненско востание, заедно со Разловечкото востание и Пијанечката република се светлата тријада на македонската ослободителна борба. Борба која ги имала и запазила сите атрибути и карактеристики на внатрешна македонска организираност, македонски дух и македонска самосвест.
По тој повод, делегација на партијата РОДИНА МАКЕДОНИЈА ја посети Кресна и месноста Стара Кресна. Ја чествувавме годишнината од востанието, одржавме комеморациски говор и се помоливме за спасение на душите на војводите и сите учесници на востанието на панихидата во црквата во селото Стара Кресна.

Напомена: Ова беше прва и единствена посета на политичка партија од Република Македонија од 1994 год. По кажување на нашите домаќини, Македонците од Пиринска Македонија, тие се заборавени и препуштени сами на себе си! На милост и немилост на бугарската држава скоро триесет години.
Слава на јунаците
Македонија на Македонците.
Центар за комуникации на Политичка партија РОДИНА