Се заљубуваме во оние кои треба да ни помогнат духовно да растеме

b34f468869b33da71817f798956ada3b

Самата душа ги наоѓа овие луѓе и покрај нашиот здрав разум. Животот го прави она што треба да го направи. Има некој за секој од нас кој ќе стане постојан дел од нашиот свет; некој близок до нашиот енергетски план. Ние всушност се заљубуваме во себе, поточно во нашето идно јас.

portland opc
portland opc

Се заљубуваме во луѓе кои доаѓаат во нашите животи за да го забрзаат нашиот духовен раст и да ни помогнат да ги искористиме нашите внатрешни сили.

Нивната задача е да ни покажат дека веќе ги поседуваме квалитетите што ни се потребни за нашиот понатамошен развој.

Самата душа ги наоѓа овие луѓе и покрај нашиот здрав разум.

Животот го прави она што треба да го направи.

Тоа е основа на личниот развој, но во исто време е илузија. Ние всушност се заљубуваме во себе, поточно во нашето идно јас.

Оние луѓе што ги сакаме ги одразуваат квалитетите што ни се потребни на нашата душа.

Секој недостаток практично исчезнува во моментот кога ќе започне трансформацијата.

379636246 2483344625173152 7145445020029331891 n

Внатрешната трансформација обично е болна и почнуваме да ги стекнуваме квалитетите што ги сакавме кај друга личност.

За да се случи ова, треба да поминеме низ некои внатрешни промени поврзани со нашите лични перспективи и гледишта.

За жал, во повеќето случаи тоа станува јасно дури по разделбата.

Болката не катапултира во нов свет и кога конечно сме во овој нов свет, можеме да погледнеме назад без емоции и објективно да ги набљудуваме настаните од минатото.

Илузијата конечно ја нема, а она што остана е објективната реалност.

Затоа, не ги обвинувајте другите за вашите неисполнети очекувања.

Следниот пат вие ќе бидете причина за нечија промена.

Се поставува прашањето: „Кога ќе завршат овие љубовни циклуси ?

Железара Џајми Комерц

Има некој за секој од нас кој ќе стане постојан дел од нашиот свет; некој близок до нашиот енергетски план.

Кога ќе се појави тој или таа, подобро е да се реши вашата внатрешна состојба за да не мора повеќе да ги барате парчињата што недостасуваат.

Единственото нешто на што ќе треба да се фокусирате сега е да создадете нешто ново заедно.

АТМА – Подготви: Сузана Дулчиќ