НОВО

Славе Андонов:Советот на општина Василево едногласно се изјасни против отварање на рудниците за бакар и злато ,,Иловица”.


Советот на општина Василево денес едногласно се изјасни против отварање на рудниците за бакар и злато ,,Иловица”.

Се бориме заедно со граѓаните, против одлуки кои го загрозуваат животот и здравјето на граѓаните!

Мора да застанеме против оние луѓе од власта кои заради личен профит носеа па менуваа одлуки со кои се загрозува здравјето на сите нас и идните генерации.

Имаме обврска да застанеме против бизнис интересите на власта, посебно против бизнис интересите на ДУИ ‼️

Да знаете секогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе биде со народот.

Напиша Андонов на својот фејсбук профил.