Славе Андонов -Во општина Василево ќе се гради Специјална болница за гинекологија и акушерство‼️


Во општина Василево ќе се гради Специјална болница за гинекологија и акушерство‼️
🏥Денес со д-р Никола Маџунков,сопственикот на Мартини поликлиника, го означивме почетокот на изградба на Специјалната болница за гинекологија и акушерство, со ставање камен-темелник.
🏥Поликлиниката се гради на територијата на општина Василево, од левата страна на почетокот од локалниот пат кој води кон населеното место Добрашинци.
😀Задоволството е посебно, што болница од таков калибар ќе се гради токму на територијата на нашата општина.
🚧Изградбата на овој објект ќе има огромен бенефит за нас како општина и посебно за женската популација, кои ќе имаат можност за врвна здравствена услуга, да добиваат во својата општина. Посакуваме брза изградба и многу задоволни пациенти.
📈Јас, како градоначалник сум горд , што инвеститорот ја препозна општина Василево како соодветна за инвестирање!Со тоа се потврдија сите наши политики и чекори кои ги преземаме за локален економски развој , како исправни!
Напиша Градоначалникот на Општина Василево  Славе Андонов на својот фејсбук.