Пуштено во употреба Платото пред Домот на културата во Нова Маала.
Со ова архитектонско – урбано решение, просторот од 1582 м2 во центарот на населеното место Нова Маала добива целосно нов визуелен изглед и повеќе содржини со намени за сите возрасни категории на граѓани.
На платото изградено со бекатон плочки поставена е урбана опрема и тоа летниковци, клупи за одмор и канти за отпадоци, детски реквизити за најмладата популација и фонтана за вода за пиење. Просторот е хортикултурно уреден а за осветлување поставени се соларни панели.
Со асфалтираниот дел, каде има и организиран паркинг-простор, платото е поврзано со главната улица и како таков уреден простор, посебно со својата локација – веднаш до Домот на културата и основното училиште ги зголемува можностите за организирање на настани како од отворен така и од затворен тип, односно ја зголемува и функционалноста на Домот на културата.