Вака жените ги бркаат мажите: Жените прават многу работи со надеж дека ќе го привлечат вниманието на мажите. Додека некои работи се ефективни, други нема да ви го донесат посакуваниот резултат. Ви откриваме што всушност ги одбива мажите.
Премногу шминка
Шминката првенствено треба да служи за сокривање на недостатоците и истакнување на силните страни. Со претерање нема да го постигнете посакуваниот резултат. Ако сè кај вас е лажно, тој лесно ќе помисли дека и вашиот карактер е измислен. Мажите претпочитаат природна убавина, затоа не се кријте зад слоевите шминка.
Избегнување на храна
За многу мажи нашето броење на грицки и калории воопшто не е привлечно. Повеќето мажи сакаат жени кои имаат апетит и кои уживаат во храната.
Се согласувам со сè што вели
Нема да го освоите со тоа што ќе се согласите со се. Разговорот со некој кој нема свое мислење едноставно не може да биде интересен.
Претерување со комплиментите
Секој сака да слуша комплимент, но ако претерате, ниту еден комплимент нема да ви биде искрен. Ако сакате да му го привлечете вниманието, слободно дајте му комплименти, но бидете умерени.
Прекумерен физички контакт
Неколку допири тука и таму ќе му дадат до знаење дека сте заинтересирани, но претерувањето ќе има спротивен ефект. Ако не сакате да изгледате премногу агресивно, бидете умерени со пипкањето.