Ако сакате да гушкате деца – продолжете да го правите тоа. Еден ден таа ќе ви се заблагодари за тоа.
Според најновите истражувања, прегратката, таа несомнена форма на физичка приврзаност, е многу важна за развојот на детето, пренесува uspesnazena.com.
Истражувањето спроведено во Националната детска болница во Охајо опфатило 125 деца, вклучително и предвреме родени. Утврдено е дека гушкањето и нежното однесување со децата предизвикуваат силен одговор на мозокот и им помагаат да се развијат побрзо.
Да го сакате вашето дете и да бидете нежни со него не само што е убаво и хумано, туку и многу корисно. Д-р Натали Метер, раководител на истражувањето, објаснува дека овој едноставен чин има огромно влијание врз мозокот на децата.
За време на прегратката, хормонот окситоцин, кој предизвикува позитивни емоции, се ослободува во големи количини и придонесува за зајакнување на врската помеѓу мајката и детето. Недостигот од прегратки може негативно да влијае на детето, да ја намали неговата самодоверба и да ја отежне комуникацијата со другите луѓе.
Треба да се знае дека секогаш кога ќе прегрнете некого, не само што покажувате наклонетост, туку и го зголемувате нивото на окситоцин и го подобрувате целокупното ментално здравје. Дали често ги гушкате вашите деца?
-пренесува uspesnazena.com.