Среде бел ден ограбена е позната златарница во Париз, штета до 15 милиони евра.
Златарницата „Пјаже“ во улицата Мира во центарот на Париз е ограбена во вторникот на ручек, а за нападот се осомничени три лица, кои побегнале со накит вреден 10 до 15 милиони евра, соопшти полициски извор и париското јавно обвинителство.
Улицата на мирот и плоштадот Вендом, во центарот на француската престолнина , се познати низ целиот свет по нивниот луксузен накит и брендови на часовници. Никој не е повреден при грабежот , изјави полициски извор. Истрагата е во тек, соопштија од обвинителството.