Талат Џафери „Не е противуставно да бидам премиер„

talat dzaferi 960x667

Нема ништо противуставно во тоа ДУИ да ја предводи функцијата премиер на техничка влада, изјави синоќа претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за „Клик плус“ на ТВ21.

Џафери, кој е предложен од ДУИ за премиер на техничката влада, сто дена до парламентарните избори, во одговор на прашањето кој треба да предложи премиер, најголемата партија во Собранието или коалицијата со најголем број на пратеници, истакна дека политичкиот договор меѓу ДУИ и СДСМ е базиран на Уставот.

Тој рече дека наместо најголемата партија, премиер предлага коалицијата со најголем број на пратеници.

Ако законот вели партијата со најголем број пратеници, согласно Уставот Влада или премиер предлага коалицијата со најголем број пратеници. Значи иако во Законот за Влада така пишува, Уставот дава можност премиер да биде предложен од коалицијата која има 61 или повеќе пратеници – посочи Џафери.

За тоа со што ја заслужил функцијата премиер, Џафери рече дека тоа што тој го направил е дека ја работел работата „што беше дефинирана со закон“.

dzovi kompani baner horizontalen 1

Мислам дека не сум направил нешто конкретно, туку само ги исполнив работите согласно обврските утврдени со закон -изјави Џафери.

Во однос на тоа и на одредени реакции од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Џафери рече: „ВМРО-ДПМНЕ го прифати Талат Џафери за министер за одбрана во 2013, зошто би имале против да ме прифатат за премиер“.

Џафери од друга страна не ја исклучува и можноста да има техничка влада без ВМРО-ДПМНЕ, велејќи дека и во претходната техничка влада беше разрешен министер од редовите на оваа партија.

На прашањето околу реакциите на дел од политичарите кои коментираа дека Џафери не е прифатлив како премиер за етничките Македонци тој одговори дека имало слични реакции и кога беше предложен за министер за одбрана во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски, а имало реакции и кога беше предложен за Претседател на Собранието.

Џафери рече дека Собранието не е физички однесено на друго место, туку останало тука каде што било и претходно и потенцира дека им служи на сите граѓани на Македонија согласно Уставот и законите, и дека истото ќе биде и како премиер односно ќе работи исто како и досега.

baner portland horizontalen

Се среќавам со многу Македонци, добивам коментари од нив, слушам реакции, можам да кажам дека за голем дел од нив е прифатливо моето решение за премиер – нагласи Џафери.

Објаснува дека функцијата претседател на Собранието може да ја извршува до гласањето на техничката Влада.