Тамара Јованов: Хајката на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кон Апасиев е лицемерие


Главната хајка на дпмне и сдс кон Апасиев деновиве се сведува на еден збор: ЛИЦЕМЕРИЕ.

Да видиме дали е така?!

Лицемерие се дефинира како: претставување како нешто што не си или застапување идеја во која не веруваш.

1. Нешто што не си:

Факт е дека потекнува од работничко семејство, осиромашено во транзицијата и уништување на јавните претпријатија до степен да едвај си ги школуваат децата. Приказна која ја живееја и моите со нас, како и илјадници други семејства во земјава. Приказна во која до денес не се откриени криминалите на сдс кои ја почнаа, како и на дпмне кои ја проширија и надградија.

Факт е дека е најдобар студент на генерација, кој по дипломирање е одбиен за вработување од низа институции и знае што значи неправда.

Факт е и дека е упорит и со тек на време, благодарение на трудот вложен во знаење, станува демонстратор, па асистент, па професор. Со сите скалила во процесот, за разлика од многуте мамини и татини. А кој да биде професор, ако не најдобрите студенти. Разубедете ме, ве молам.

Факт е и дека професорите се најобични работници, кои од сиромаштија ги дели една плата, кои дом можат да си дозволат само на 30-годишен кредит и еден дополнителен за уредување на домот. Затоа, мораат да работат дополнително, како консултанти, на проекти и сл. за да можат да обезбедат дополнителен приход, за нормален живот.
Од кај знам? Оти сум професор и откако сум вработена, работам по 10 – 12 саати на ден, за да можам да одам на одмор ко човек! Инаку, ако дозволи патријархатот на дпмне и јас би си платила дел од одморот, ако сум жена.

Факт е и дека уште како студент е активист и застапува социјална правда, порив кој го продолжува со Левица и со тек на време и во Собрание.

Факт е дека сиот негов муабет за тоа кој е, е точен. Ве молам, оспорете со факти.

2. Застапување идеи во кои не верува:

Факт е дека од почеток на неговото појавување на сцена, зборува доследно и не менува ставови – го кажува она што го мисли.

Факт е дека не краде народни пари.

Факт е дека не зема патни трошоци, еден од двајцата единствени, иако ниту еден од нив не е од Скопје. Ѕирнете до денес колку пари така се украдени од по 40тината “народни” претставници на сдс и дпмне, на кои ни името не им го знаеме од шо се потепаа да застапуваат народ во собрание, а камоли став или кај се на одмор.

Факт е дека единствени поднесоа иницијатива за намалување на сопствените плати, која сдс и дпмне не ја поддржаа. Досега платите ќе им беа намалени, ама подобро е да се глуми донирање од поединци, отколку на сите пајташи да им се скрати од медот.

Факт е дека не е продаден на лобија од приватен сектор, ниту служи на странски амбасади и токму затоа може да ги застапува идеите во кои верува.

Факт е дека се залага за сите луѓе да имаат пристоен живот, а не да имат само дечките од Левица, за разлика од дружините сдс и дпмне. Затоа, кога имаа можност не се продадоа за министерски позиции и го избраа потешкиот и поспориот пат на искрена борба. Ако сакаше само за себе, ќе беше досега и министер, одамна.

Факт е дека никогаш не рекол дека не оди на одмор, а богами со чесно заработените пари може да прави што сака.

Факт е дека никогаш не глумел дека е месија и застапувал идеја дека за подобра иднина треба да се бори секој еден човек, а не еден да ги спасува преку жртвување на олтар. Затоа пак, сега Левица брои илјадници членови, кои одвојуваат време и сили за истите тие идеи.

Факт е дека неговото застапување на сиромашните (кои не можат да одат на одмор), откако тој има доволно за својот, не само што не го прави лицемерен, туку го прави доблесен! Како професор можеше да си ја накриви капата настрана, да си го разработи консултантството и да не се замара со политика, ко што впрочем прават најголем дел од професорите.

Ама, баш затоа што не е лицемерен, оди во отворен клинч со сета мафија во политиката, живее со уцени, закани, прислушкување, мониторинг од меѓународната, секојдневни проблеми од валканите игри во политика…

Димитар може е многу работи, ама лицемерен другари, не е.

Неговите зборови на ваше место би ги сфаќала доста сериозно .

– напиша Тамара Јованов на својот фејсбук.


Фејсбук статус на Тамара Јованов