Локалниот огранок на Левица одржа трибина во Свети Николе, посветена на штетните последици од поставувањето на сончеви колектори врз плодното земјиште. Актуелноста на проблемот овој пат беше алармирана на поинаков начин, а главен заклучок од дискусијата со публиката беше неопходноста за целосно ревидирање на енергетската политика, како и измени во законската регулатива, со цел заштита на плодното земјоделско земјиште, како единствено национално богатство кое ја гарантира егзистенцијата.

На трибината говореа проф. Благица Сековска и членот на Централниот Комитет на Левица -Игор Димески.

Дел од главните заклучоци на трибината беа:
– Сончевите колектори поставени на плодно земјиште не влијаат врз намалувањето на цената на електричната енергија, но ќе влијаат на поскапувањето на цената на храната;
– Сончевите колектори претставуваат опасност од појава на електронски отпад којшто државата нема капацитети да го рециклира;
– Сончевите колектори поставени на плодно земјиште се закана за трајно уништување на плодноста на местата каде што се поставени;
– Инвеститорите немаат законска обврска да го санираат електронскиот отпад којшто ќе го создадат:
– Уништувањето на плодното земјиште НЕ Е ЗЕЛЕНА ПОЛИТИКА;
– Неопходна е национална стратегија за поставување на обновливи извори на енергија, со точно определување на локациите кои можат да се користат за оваа намена.

Ова се само дел од работите за кои дискутантите разговараа со публиката, а лоцираните проблеми од заедничките разговори ќе бидат земени во предвид при правењето на изборната програма на Левица.