УШТЕ ЕДНО ЗЛАТО ЗА ОСУМГОДИШНИОТ МАТЕМАТИЧАР МАКЕДОН ОД ТЕТОВО НА СВЕТСКИОТ НАТПРЕВАР КЕНГУР 2023!
Чудото од дете, осумгодишниот математичар Македон Димитровски од Тетово, повторно освои златен медал на светскиот натпревар од есенскиот дел “Математика без граници“.
#Македон Димитровски го доби златниот медал од финалето по математичкиот натпревар Кенгур 2023, што се одржа на Машинскиот факултет во Скопје.
Македон на Мајка Македонија ѝ донесе злато од светски натпревар со 4.000 учесници!
– Браво, ти си наша гордост, – напиша таткото на Македон, Владимир Димитровски.
Златно дете – златен медал. Браво Македон!