🎠🎊Финишира изградбата на детскиот забавен парк во с.Владевци.
✅Просторот до кошаркарското игралиште во Владевци , кој беше запуштен и во навистина лоша состојба добива нов лик.
🎠Запуштените времени објекти се отстранети и просторот е прилагоден за поставување на детски реквизити.
🤝Ова беше едно од моите предизборни ветувања, и задоволен сум што уште пред истекот на половината од мојот мандат успеав да го реализирам.
👨👩👧👦Задоволството ќе биде поголемо кога ќе го исполнат дечињата од ова населено место заедно со нивните родители и овде ќе поминуваат убави моменти.
Детските насмевки, радост и среќа немаат цена ✋🎠🎊
🏀Сакам да најавам дека во мојот мандат ќе се реконструира кошаркарското игралиште во Владевци за што имаме изготвено и соодветна проектна документација.- напиша Градоначалникот на Општина Василево Славе Андонов