ХУТИТЕ ПРЕДИЗВИКАА ИНТЕРНЕТ БЛОКАДА

fb internet.org

ХУТИТЕ ПРЕДИЗВИКАА ИНТЕРНЕТ БЛОКАДА

Пишува Дарко ТОДОРОВСКИ

Хутите го држат светскиот интернет и поморските кабли за гуша.

Авторитативно и со факти: Борбени пливачи на Хутите со помош на подводни специјални дронови го прекинаа подморскиот кабел ТАТА-Голф.

Станува збор за подморски кабел долг 4.031 км што ги поврзува Оман, ОАЕ, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија.

TATA Gulf се поврзува со каблите TATA-EA во близина на Оман, понатаму формирајќи врска со Бомбај и Европа.

Строго кажано, ова е удар не толку против меѓународната заедница и Западот, колку против земјите од анти-Хути коалицијата, кои водат долготрајна војна со Јемен, почнувајќи од 2014 година.

Денес Јемен контролира 30% од глобалните интернет комуникации. Тенките поморски кабли се генерално ранливи на целни напади во конфликтните зони како што е Црвеното Море.

Поправката и обновувањето на подморските кабли е сложен и одзема многу време, и многу пари.

Оштетувањето на подводните кабли на Црвеното Море може да предизвика големи прекини на интернетот ширум светот, што ќе влијае на сè: на бизнисот и трговијата, на индивидуален пристап до Интернет до облак услуги и други активности.

Во овој контекст, јеменската насилна контрола на морскиот влез – излез од Црвеното Море значи дека, Хутите го држат грлото на сите западни “технолошки гиганти”, како и светскиот интернет под своја контрола.

 

https://www.facebook.com/share/p/poNAR4hATxfFJM46/?mibextid=Nif5oz