“Љувовна терапија” романтична комедија, во режија на Драгана Таневска со одлична критика по премиерата

dsc 0034 edited

Драгана Таневска 

Љувовна терапија е романтична комедија. Оваа приказна се фокусира на Сара и Брус, двајца жители на Менхетен кои бараат стабилни романтични врски со помош на нивните психијатри и користење на апликации за запознавање на луѓе . Љубовта во западниот свет претрпува процес на десексуализација . Во повеќето романтични комедии, сексуалноста често се гледа како активност што го ослободува стресот и тоа нема многу врска со романтизмот во односите на ликовите. Сексуалноста станува средство за создавање комични ситуации во романтични или секс комедии кои не мора да ги истражуваат длабочините на романтичните врски. Затоа, смеата предизвикана од хумористични ситуации или ликови станува можност за ослободување од стрес, која само обезбедува одвоена и интересна карактерна линија на приказната.Драгана Таневска…. повеќе

dsc 0034 edited

Во претставата играат : Владанка Крстевски , Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Жарко Јовановиќ, Никица Јанковски и Матеј Стојковски. Драматург е Симона Тоскиќ а сценографијата е на Крсто Богојевски.

Матеј Стојковски

Андреј, ликот кој што јас го играм во претставатаЉубовна терапија”, е лик на кој што јас и режисерката Драгана Таневска макотрпно работевме за да го создадеме. Ектремно анкциозна личност која не може да комуницира со луѓето, Андреј отвора тематски ресторан каде што секоја вечер има забава каде тој семаскираво други измислени ликови само за да може да се приближи до луѓето и до нормалниот свет. Функцијата на ликот во самото дело е круцијална затоа што служи за поврзување помеѓу двата главни лика и исто така за расплетувањето на приказната во претставата. – Матеј Стојковски

dsc 0266 edited

dsc 0366 edited

Никица Јанковски

Процесот наЉубовна терапијаслободно можам да кажам дека беше едно огромно вистинско уживање. Едвај чекав да дојде часот кога ќе треба да заминам на проба, а кога веќе ќе почнеше пробата не сакав да заврши, можеби некој ќе помисли дека претерувам но тоа е нешто што се гледа во самата претстава како резутат. Екипата од неколку млади прекрадни актери, верувам дека секој актер би посакал да му се случи еден ваков процес. Големо е задоволството да ја играте ова претстава пред публиката каде што гледате дека од самиот почеток полека но сигурно ги освојува насмевките и срцата на гледачите. На чело на овој процес стои режисерката Драгана Таневска со која втор пат соработувам и ќе кажам дека е голема радост да де биде дел од нејзините процеси. – Никица Јанковски

dsc 0482 edited

 

www.media24.mk