Љупче Атанасов од Василево е првиот член од општина Василево кој беше дел од Радовската коњаница


Денес имав чест да ја примам благодарницата од Здружението на граѓани Илинден Радово.
Љупче Атанасов од Василево е првиот член од општина Василево кој беше дел од Радовската коњаница.
Во ваков период за нашата татковина Македонија, наше е да ја негуваме традицијата, почитта спрема историјата и љубовта спрема татковината. Коњаницата е еден симболичен приказ и наше оддавање почит спрема сите војводи и комити знајни и незнајни кои го дале животот за Македонија  – напиша Славе Андонов ,Градоначалник на Општина Василево.