Љупчо Димовски:Македонија е прва, но не по искористување, туку во злоупотреба на европските фондови во Западен Балкан


Цела година наназад во секоја можна прилика Ковачевски и Николовски нагласуваа дека Македонија била лидер во искористивањето на европските средства.
За разлика од нив, деновиве ОЛАФ–Агенцијата за борба против злоупотреба на европските фондови објави дека Македонија е прва, но не по искористување, туку во злоупотреба на европските фондови во Западен Балкан, со што ги поби тврдењата и фалбите и ги разоткри лагите на овие два лика!
Утврдено е дека од 36 злоупотреби на овие фондови, 18 се само во Македонија!?
Уште една потврда за неверојатната корумпираност во земјава во што предничат највисоките државни функционери, од прв до последен.
Во оваа прилика од споменатите 18 македонски злоупотреби посочувам на само еден случај во МЗШВ во износ од 1,5 милиони евра за кои не постои никаква евиденција ниту документација каде, како и за што се потрошени средствата.
Оттаму би било добро МЗШВ, Николовски или фотоволтаичниот премиер кој нели учествува во се и знае се, иако не практикува ниту основно читање на документацијата, само пролистување, па оттаму погрешно толкува и вообичаено “тресе зелени”, за предметов да го обелоденат Извештајот од вонредната контрола и ревизија извршена од овластени лица од Брисел.
Но мали човечиња со ситни душички немаат храброст за такво нешто, а и зошто би постапиле така кога можеби или сигурно се дел од целиот систем.
Би можело и од некоја друга страна да биде објавен. Би привлекол внимание и интерес, но не и кај надлежните институции задолжени да постапуваат во овакви случаи.
Да оставиме за уште малку, ќе има можност се да се обелодени за некои да се уверат за димензиите на криминалот и висината на сумите …

Напиша Љупчо Димовски на својот фејсбук.