„Lord of the Rings“ доаѓа на телевизија како серија

Според Variety, студиото Warner Bros. Television и легалните претставници на Џ.Р.Р. Толкин се во фаза на преговори за продукција на телевизиска серија според книгата на Толкин – „Господар на прстените“, која ќе се емитува на Amazon.

Одредени медиуми тврдат дека сопственикот на Amazon, Џеф Безос е лично вмешан во разговорите, иако оваа информација не е официјализирана.

Безос на почетокот на оваа година изјави дека сака Amazon да престане со продукција на мали, нискобуџетни серии и да почне да прави серии кои се грандиозни, високобуџетни и со потенцијал да станат наследници на „Game of Thrones“. А кој би можел да ја наследи „Game of Thrones“ подобро од книгата која го инспирираше Џорџ Р.Р. Мартин?

Засега не се познати повеќе детали околу оваа серија, освен тоа дека претходно истата идеја им била понудена на Netflix и HBO, но двете компании не сакале да влезат во голем финансиски ризик, бидејќи веќе одржуваат повеќе високобуџетни проекти.

Според податоците, серијата нема да биде во можност да ги користи сите ликови кои се наоѓаат во книгата, освен ако не ги откупи правата за нив.

Повеќе