ЛШ: Вардар „прошета“ низ Загреб

Ракометарите на Вардар рутински славеа во Загреб 29:23 (15:10) во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите. Европскиот првак по седум рунди има шест победи и едно реми, додека Загреб се уште нема триумф во А-групата.

Вардар во Загреб одигра шампионски и само потврди дека е далеку поквалитетен тим од хрбатскиот шампион. Дуелот во арената во Загреб беше трето соочување помеѓу двата тима од посчетокот на сезоната, а крајниот епилог не се разликуваше многу од претходните две средби кои се играа во Скопје, во Лигата на шампионите и СЕХА конкуренцијата.

Европскиот поучен од минатогодишниот пораз во Загреб, максимално сериозно влезе во натпреварот и по нецели 20 минути беше јасно дека домаќинот нема шанси да приреди изненадување.

Отвори Вардар со 6:3, потоа беше 9:4, па 10:15 за конечни 15:10 по првиот дел. Нештата на теренот не се сменија ниту во второто полувреме, во кое Вардар два пати имаше и максимални девет гола предност. Во финишот Загреб само успеа да го ублажи поразот (29:23).

Играта на Вардар функционираше беспрекорно, поради што Раул Гонзалес си дозволи целиот натпревар да го одигра без Циндриќ. Блескаше одново Штербик кој натпреварот го заврши со 18 интервенции.

Вардаровиот голман диригираше со играта, Загреб немаше решениа за зоната 5-1, а во нападот не може да се справат со пикерите на европскиот првак. Резултат на тоа се седум седмерци, кои ги реализира Чупиќ.

Крилниот играч на Вардар беше најефикасен на натпреварот, а гол помалку постигнаа Борозан и Мандалиниќ кој беше најефикасен кај Загреб.

Вардар наредниот натпревар ќе го одигра на 18 ноември кога во Скопје ќе гостува Рајн Некар.

Повеќе