Аеробикот ви помага да имате добра меморија и да го одржите здравјето на мозокот

Вежбањето аеробик може да ја подобри меморијата и да допринесе повеќе за здравјето на мозокот додека старееме, тврди новото истражување спроведено во Австралија.

Истражувачи од Универзитетот на западниот дел на Сиднеј и Универзитетот од Манчестер го испитуваа влијанието на аеробикот на хипокампусот, дел од мозокот кој е клучен за меморијата и други функции. Здравјето на мозокот слабее со тек на годините, а по 40-та година мозокот се „намалува“ за 5 проценти.

Истражувањето ги тестираше ефектите од аеробикот, со вежби составени од стационарен велосипед, трчање и одење. Тоа беше спроведено кај 737 лица, 0д 24 до 76 години. Резултатите покажаа дека вежбањето нема влијание на вкупниот волумен на хипокампусот, но значајно го зголемил левиот дел од овој мозочен регион.

„Кога вежбате произведувате хемикалија која може да помогне да се намалат ефектите од стареењето. Според нашето истражување, вежбањето, а посебно аеробикот, му помагаат на мозокот побавно да се намалува. Со други зборови, на вежбањето може да гледаме како на одржување на мозокот“, рече авторот на ова истражување, Џозеф Фирт.

Фирт тврди и дека резултатите од ова истражување може да помогнат во превенција на неуродегенеративни пореметувања, како што се Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Повеќе