Дали е подобро да вежбате сами или во друштво?

Без разлика дали сакате да вежбате сами или со пријателите, двата пристапи имаат свои добри и лоши страни.

Мајк Донаваник, експерт за фитнес, ги претставува предностите и недостатоците на различните пристапи во вежбањето и истакна дека во комбинација на сите три режими би можеле да бидат остварени најдобри резултати:

Самостојно вежбање

Предности: Овој пристап ќе ви ги овозможи потребните мир и тишина за да се концентрирате на вежбите. Ќе можете да го почувствувате своето тело и да постигнете внатрешен баланс.

Недостатоци: Многу е лесно да заглавите во рутина која може да биде негативна за резултатите од вежбањето. Исто така, во овие моменти самите на себе сте си единствена поддршка и мотивација, што не е опција секогаш.

Вежбање со пријател

Предности: Пријател би можел да ви биде од голема помош ако ви се потребни инспирација и мотивација за вежбање. Исто така, помалку е веројатно дека тренингот ќе ви биде монотон, односно поголеми се шансите успешно да го спроведете до крај без да изгубите фокус.

Недостатоци: Ако вашиот партнер не е подеднакво брз или јак, во тој случај вие нема да бидете во состојба да го дадете најдоброто од себе.

Вежбање во групи

Предности: Часовите се од исклучителна корист на луѓето на кои им е тешко да се самодисциплинираат бидејќи нема да пропуштите тренинг дури и во ситуација вашиот пријател да не можел да присуствува.

Недостатоци: За жал, по овој пат е тешко да се прилагодите на вежбите кои се по ваша жеба и можност. Точно е дека инструкторот може да ви помогне при вежбите, но тоа не значи дека тренингот е прилагоден токму по вашите потреби.

Повеќе