КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Второ земско пришествие во Македонија!

Македонскиот народ видливо западна во тешка депресија по извршениот преврат под водство на фашистичкиот комплот раководен од Вашингтон и штедро помогнат од европските и домородни квислиншки подопшашници. За депресијата во сите нејзини фази е карактеристично губењето надеж, односно, уништено самочувство или обесмислување на животот. Дојде квази-живот за бројлерите, за шкопените, мртвородените , дегенериците. Ментално здравите, нормалните Македонци се повлекоа во себе. Молкнаа колективно. Искуството вели дека најопасни се луѓето кога ќе замолкнат. Од оваа фаза на инхибиција, на потиснување на чувствата и реакциите најмногу се плашат насилниците, окупаторите, завојувачите кои намерно манипулираат со стравот на масите. Психолошка војна.

Во Македонија конкретно, окупаторот Бејли и неговите локални квислинзи – давајгази од црквата, политиката, соросоидни НВО и медиумски бројлери, квазиинтелекуални дегенерици и малоограѓански тиквари како Фрчко, Грчев, Ордановски, Милчин, Најче и слични безидентитетни суштества, мислеа дека успешно и трајно ќе го упокојат македонскиот народ. Како? Па така што ќе му го одземат празнувањето на нова година на бадник и божик и, секако, ќе му ги стават во притвор поединците кои активно учествувале во организацијата на антипучистичките и антифашистички протести за заедничка Македонија. И вистина, малку кој ја празнуваше новогодишната ноќ. Скопје изгледаше како да го мавнала атомска бомба. Немаше жив човек по улиците. На 1- ви јануари, за честито, исто така ги снема нормалните семејства кои традиционално одеа на посета кај блиски роднини и пријатели. Притворените си останаа во притвор. Квислинзите и бројлерите со се шкопените и дегените се распашаа по разно-разни грции и бугарии да го слават својот глуп живот. Само акрепот од Кале, сон не го фаќа. Знае ова цијашко ѓубре, ова тешко оштетено суштество без човечки својства дека џабе му е што ги искалеми сите македонски отпадоци напикани во црквата, во политиката, партиите, државните институции, на универзитетите и по кафеаните. Тие не се народ. Тие се неизлечиво болни оти душите им се чумосани. Кога ќе оболи душата, телото паѓа в кревет на пат кон гниежот. Тоа е човечкиот отпад или суровина од кои ЦИА традиционално , во секоја држава што ја напаѓа, со разни техники создава своја локална војска. Дегенот Бејли знае дека тие не можат да му завршат работа за операцијата обезименување на Македонија и уништување на еден жив народ – МАКЕДОНСКИОТ. Трипати досега го пролонгираат рокот за упокојување на Македонија. Те Бејли, те Хан, те Меркел, те Нимиц. А бре де бре, за пола година, па за осум месеци, па кај Моне на гости, па чекај да почекаме, уште не е време се вика операцијата ,,Македонија и Македонци нема да има,,.

Тоа е планот, ама на Бадник Македонците нечујно а масовно, им покажаа среден прст на црковните малодостоиници , маскирани како духовни предводници. Ту, бе не помина ни деноноќие кога Миленко и јас седнати во ,,Естел,, ги маркиравме деновите на духовно празнување како непогрешливи ,,метеоролошки информации,, за состојбата на колективниот дух по неколку месечна депресија. Колку да знаеме кога ќе пукне тиквата.

Е па тоа де! Со бадникови огнови и коледарски литии во сопствена масовна организација Македонците на своите владици им пратија послание КОЈ ВЕ ЕБЕ ДЕГЕНИ! Им се кажа на непросветлените антихристи дека македонскиот колективен идентитет нема празни места во сеќавањето кое како непрекината генетска структура е втисната од камено доба до денес. Од времето на матријархатот и Божицата мајка до Христос. Како што на Јулијан Отпадник не му успеа да го збрише Христос и врати многубоштвото, така и на овие црковни соросоиди нема да им успее менгелеевската лабораториска обработка на македонската душа. Што е многу важно за времето што надоаѓа и настаните кои ќе се случуваат.

Од мене едно земско послание во чест на Божик до владиците и свештениците. Или ќе бидете со македонскиот народ или сте негови непријатели. Како такви спремете си се од сега за ад хок судење. Народно ем праведно. Колоритно ем сликовито. Чист експресионизам! Троа магариња, троа бричење на суво, па катран со пердуви како ликовна техника при сликање на живи објекти и расходка на подвижната изложба замислена како специјална литија на бесчестието а поставена на потег од Синодот до Дрисла. Прошка? Јок бе, јоктур! Дури ни Господ не им прости ни на Содом ни на Гомор! А Македонците си се обичен народ, не се богови па да му ја мислат.

Ова многу го загрижува моронот Бејли кој подолго време решава квадратура на кругот со притворените македонски патриоти. Мора да им го продолжува притворот неограничено во надеж дека во меѓувреме ќе ги добие четрите главни потписи од партиските празноглави и лабораториски моделирани поглавици зацртани со Пржино а еднаш испробани како рецепт со Рамковниот. За разлика од бројлерите со кои управува, тој го знае основното правило во психолошките специјални операции. Ако не ги наведе уапсените да го молат написмено за милост (како Колишевски, бугарскиот цар), ако тие одбиваат да му се покорат во апсаана (како Мирка Гинова или Ташко Хаџијанев), мора сите до еден да ги убие или да ги пушти од притвор. Нормално, секакви не има. Особено кога сме во опасни и непријатни ситуации, реагираме различно. Во зависност од силината на духот се и нашите реакции. Некои клапнуваат па го молат џелатот за милост, прифаќаат да бидат шкопени, а некои богами демонстрираат невидена духовна цврстина. Е, тука е заебот што го плаши фашистот од Вашингтон. Знае многу добро дека губи игра и ако ги ликвидира сите и ако ги пушти од притвор. Оти овие Македонци веќе станаа национални маркери, потенцијални икони. Мртви или ликвидирани генерации ќе ги носат на маици и ќе ги слават и опеваат. Ќе бидат вечно жив факел, идентитетен столб како Христос, Јован Претеча, Јан Палах, Че Гевара, Виктор Хара, Џулијан Асанж, Гоце Делчев, Кузман Јосифовски Питу. Живи, а надвор од затвор, секој од нив и сите заедно, веќе се материјал за народни и национални водачи, луѓе со чест и углед чиј збор и акција ќе се подржува колективно. Наспроти нив се џбирот на анонимни глисти, буба шваби напикани во обвинителствата и судовите кои штедро им одмеруваа казни за тероризам. Богами ич неќам да им бидам во кожичката!

И така! Мака си мачи Бејли во Македонија, а не ќе им биде лесно ни на партиските поглавици и нивните подопашници. Лејката од Муртино и Рада ламбада не ги спомнувам оти тие ќе доживеат специјален третман каков што и заслужуваат според улогите и делата. Времето( а и новата реалност) на никој од овие створови не им одат на рака. Народот се згреа веќе на бадниковите огнови што е знак дека полека излегува од депресијата. Покажа она што го знае секој основно писмен по биологија. На колектив во тешка криза и опасна по опстанок ситуација не му треба еден водач за да го организира и води. Ниту партија. Самиот дејствува во самоодбрана како еден организам со еден ум. Она што го снајде Николае Чаушеску и жената му Елена, па Мусолини, може лесно да ги снајде и нашиве модерни варвари во нултата минута.Бејли че здрапа, ама овие нема да успеат. Значи, имало и земско Второ пришествие дечки! Македонците нивните усрани потписи на фашистички документи нема да ги признае. Ќе си стегне едно генерално чистење ем темелно проветрување за спас на својата македонска душа. Ќе си го врати и името и идентитетот, ќе си ја крене од пепел државата откако ќе ја исчисти квислиншката чума. Така ќе биде!

Хрисаотс се роди! Македонскиот народ е жив! Македонија е вечна!

М.Велиновска

Повеќе